Nothing Phone (2) официјално излезе: Наследникот е подобар од постариот брат

Објавено на 12.07.2023 во Новости



Nothing Phone (2) официјално излезе: Наследникот е подобар од постариот  брат

Nothing е лондонска компанија, која што го откри својот втор модел на смартфон - Nothing Phone (2). Младата технолошка компанија основана од Карл Пеј, поранешниот ко-основач на OnePlus, го направила Nothing Phone (2) подобар од претходниот модел.

Nothing Phone (2) е уникатен во својот дизајн и со одредени подобрувања и неговиот карактеристичен „Glyph Interface“.

Што значи тоа „глиф интерфејс? Глифот во основа значат симболи, така што во Nothing Phone ќе ги видите петте симболи што светат силно и формираат различни обрасци, вклучително и 900 LED светла. Покрај тоа, ќе ја видите и малата црвена LED сијаличка.

Nothing Phone (2) под хауба има Snapdragon 8+ Gen 1 процесор, 8GB RAM + 128GB ROM меморија, 6.7-инчен OLED дисплеј.

Неговата цена започнува од 600 долари за 8GB/128GB верзијата, 700 долари за 12GB/256GB верзијата и 800 долари за 12GB/512GB верзијата. Ќе биде достапен и во САД, а преднарачките се веќе започнати. Телефонот официјално излегува во продажба на 17 јули.





Прочитајте повеќе: