Apple доби награда за патентирање на футрола што го прави iPad потенок

Објавено на 12.07.2023 во iOs



Apple доби награда за патентирање на футрола што го прави iPad потенок

Apple има патент за нов дизајн на футрола за iPad: "Peripheral Housing for a Computing Device. Патентот е поднесен на 11 јули, 2023 година и награден е од U.S. Patent and Trademark Office (пишува AppleInsider). Футролата се нарекува peripheral housing или „периферно куќиште“ и уникатна е по тоа што само една страна на iPad се прикачува.

Во зависност од тоа како е позициониран делот што не е прикачен, би можел да се искористи за подигнување на iPad-от на маса за се подобри аголот за гледање на видеа. Периферното куќиште исто така може да се пренамени за креирање на нозе од задната страна на уредот, овозможувајќи му на iPad за да стои на маса без наведнување.