Моќната камера на Nothing Phone (2) може да го предизвика и Apple

Објавено на 12.07.2023 во Новости



Моќната камера на Nothing Phone (2) може да го предизвика и Apple

Долгоочекуваниот наследник на Nothing е конечно тука. Претходно пишувавме за перформансите на Nothing Phone (2), кој пристигнува со одлична камера. Nothing дефинитивно сака да се натпреварува со најдобрите на пазарот, земајќи ја во предвид неговата камера. 

Големата надградба на камерата на Nothing Phone (2) е со новиот сензор за слики Sony IMX890, 50MP 1/1.56" сензор со 1 μm големина на пиксел и 24мм широчина на леќи и отвор на бленда f/1.88. Ултра-широката камера е иста со 50MP Samsung JN1 сензор и бленда од F2.2. Селфи камерата од друга страна е тотално нова, надградена од 16MP IMX471 кај Nothing Phone (1) на 32MP Sony IMX615 сензор со f/2.45 бленда и 1/2.74” големина на сензор.