Новиот Honor Magic V2 е потенок, полесен и поевтин

Објавено на 13.07.2023 во Новости



Новиот Honor Magic V2 е потенок, полесен и поевтин

Honor има нов преклопен смартфон - Magic V2. Новиот Magic V2 располага со димензии од 156.7 x 145.4 x 4.7мм и тежи само 213 грами, додека првиот модел беше 160.4 x 141.x 6.7мм со тежина од 288 грами. Magic V2 располага со Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2 процесор, 16/256GB, 16/512GB, или 16GB/1TB меморија, може да бирате. 

Камерата овој пат добива OIS (optical image stabilization), телефото леќи, и оптички зум. Magic V2 има тројна задна камера од 50MP + 20MP + 50MP и предна камера од 42MP + 16MP.  Magic V2 има поголема батерија од 5,000 mAh со 66W полнење, преклопен OLED LTPO екран со Dynamic Dimming. Magic V беше со цена од 1,500 долари, а новиот чини 1,255 долари.