Bixby 2.0 ќе работи од со смартфони до фрижидери

Објавено на 19.10.2017 во Новости



Bixby 2.0 ќе работи од со смартфони до фрижидери

Новата верзија на Bixby 2.0 гласовниот асистент на Samsung е во интезивни подготовки со засилување на вештачката интелигенција како и на разбирањето на команди на англиски јазик за интернационалниот пазар. Како што се очекуваше Bixby 2.0 ќе биде наменет за многу поширока палета на уреди и ќе „излезе“ од смартфоните.

Се поизвесно е дека Bixby 2.0 ќе работи на поврзување на смартфонот со било кој смарт уред на Samsung, односно ќе може да се активира на телевизори, смарт звучници, па дури и фрижидери. 

Главната предност на Bixby 2.0 е што ќе го разбира природниот говор на корисникот и така ќе може да одговори на командите. Исто така Bixby 2.0 ќе има отворена можност за развој на нови примени од страна на заинтересираните програмери.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Mi Pad 7.9
  • Mi 5
  • Redmi 3s
  • Redmi 3s Prime
  • Redmi 3x
  • Redmi Pro
  • Redmi Note 4 (MediaTek)
  • Mi 5s
  • Mi 5s Plus
  • Mi Note 2
 


{}