Google на суд поради незаконска обука на својата вештачка интелигенција

Објавено на 14.07.2023 во Новости



Google на суд поради незаконска обука на својата вештачка интелигенција

Во Сојузниот суд во Калифорнија е поднесена колективна тужба против Google и неговата сопственичка компанија Alphabet, во која што се наведува дека технолошкиот гигант ги користел податоците на своите милиони корисници без да прифатат, со цел за развој на вештачката интелигенција. 

Адвокатската канцеларија Clarkson поднела тужба и против OpenAI, во која што се наведува дека Google „тајно од своите корисници крадел се што било создадено и го споделиле на интернет“. Тие ги користеле тие податоци за обука на својата вештачка интелигенција. „Google земал речиси цел наш дигитален отпечаток, вклучувајќи ги креативните и авторските работи за создавање на своите производи што се базираат на вештачка интелигенција“, пишува во тужбата. 

Google претходно изјави дека нивната политика е транспарентна и дека користи јавно достапни информации од отворениот интернет за обука на јазичните модели за своите услуги како што е Google Translate.