Објавен рендер со Galaxy Z Flip 5

Објавено на 14.07.2023 во Преклопни уреди



Објавен рендер со Galaxy Z Flip 5

Samsung ќе го одржи својот следен Unpacked евент на 26 јули, кога ќе ги претстави новите модели на Galaxy Watch 6, Galaxy Watch 6 Classic, Galaxy Tab S9, Galaxy Tab S9+, и Galaxy Tab S9 Ultra (со 14.6-инчен Super AMOLED дисплеј). Ѕвездата на Unpacked настанот ќе биде Galaxy Z Fold 5 и Galaxy Z Flip 5. 

Првиот од двата ќе се отвара како тетратка хоризонтално, додека вториот ќе се отвара како школка, односно вертикално. Galaxy Z Fold 5 нема да има премногу промени, но Galaxy Z Flip 5 ќе има двојно поголем надворешен дисплеј од 3.4-инчи, во споредба со претходниот, кој што беше 1.9-инчи. Во меѓувреме објавен е рендер со поевтиниот преклопен смартфон на Samsung, кој што се уште не е официјално објавен од компанијата.