Google Bard стана достапен и во Македонија!?

Објавено на 14.07.2023 во Новости



Google Bard стана достапен и во Македонија!?

Четботот Google Bard со вештачка интелигенција од вчера стана достапен и во нашата земја. Bard моментално е достапен на над 40 нови јазици: арапски, кинески, германски, индиски, шпански итн. „Го проширивме пристапот кон повеќе места, вклучувајќи ги сите 27 земји во Европската унија и Бразил“, пишува во новитетите за четботот.

Google Bard е достапен и во Македонија, но се уште немаме посебна верзија на македонски јазик. Bard е развиен како одговор на растот на конкурентскиот четбот ChatGPT во сопственост на на компанијата OpenAI. Разликата меѓу двата ривала е што Bard константно црпи информации од интернет и не е лимитиран како ChatGPT. Bard се базира на PaLM2 јазичен модел, а ChatGPT се базира на GPT-3.5.