Galaxy S24 Ultra ќе го забрза полнењето на батеријата за 45%

Објавено на 16.07.2023 во Android



Galaxy S24 Ultra ќе го забрза полнењето на батеријата за 45%

Ликстерот RcloudS предвидува дека Galaxy S24 Ultra и Galaxy S24+ би можеле да добијат побрзо полнење на батеријата за 45%, зголемувајќи ја моменталната моќност од 45W на 65W. Овој пат ќе се применат таканаречените „подредени батерии“, кои што може да ги подобрат перформансите и полнењето на самите уреди. 

Благодарение на специјалниот гел за ладење, подредените ќелии би можеле да му помогнат на производителот да понуди високи брзини во полнењето. Овие видови на батерии повеќе се загреваат, па со оглед на тоа што не ја исфрлаат топлината, се наметнува од потребата за гелот за ладење.