Tesla конечно се пофали со првиот сериски произведен Cybertruck

Објавено на 17.07.2023 во Електричен погон



Tesla конечно се пофали со првиот сериски произведен Cybertruck

Tesla објави дека е завршено првото производство на нивниот електричен камионет Cybertruck во Гигафабриката во Тексас, иако доцни речиси две години со почетниот план. Tesla на Twitter сподели фотографија на која што се гледаат бројни работници што носат кациги и жолта долна облека околу првиот сериски произведен Cybertruck

Илон Маск направил ретвит на објавата на Tesla. Маск за прв пат го презентираше Cybertruck на крајот на 2019 година, а од Tesla првично изјавиле дека производството ќе започне кон крајот на 2021 година, но не можеше да стигне до тоа време.