Робот пајак од невозможни места дига неправилно паркирани автомобили

Објавено на 17.07.2023 во Новости



Робот пајак од невозможни места дига неправилно паркирани автомобили

Роботите пајаци што ги дигаат неправилно паркираните возила предизвикале загриженост кај граѓаните во Велика Британија. Во видеото на Instagram е прикажан роботот Easttract без екипаж како што го подигнува Volvo XC60 од местото за паркирање на инвалиди. 

Изгледот на роботот гасеничар за SUV возила е дефинитивно вознемирувачки. Роботот и припаѓа на британската влечна компанија Recovery North West и специјализиран е за влечење на тешка опрема и извлекување на неправилно паркирани возила.

Роботот Easttract е производство на француската компанија Multitract и дизајниран е за влечење во тесни простори, како што се подземни паркинзи или тесни улици, со мотор од 35 коњски сили, може да влече и до 2,5 тони. Погледнете го во акција на видеото на овој линк. 

Автор: Aleksandar Stankov