Microsoft го продолжи договорот со Sony за Call of Duty

Објавено на 18.07.2023 во Игри



Microsoft го продолжи договорот со Sony за Call of Duty

Microsoft го продолжи договорот со Sony за Call of Duty да остане достапна на PlayStation конзолата после аквизицијата на Activision Blizzard од Microsoft. Фил Спенсер, шефот на Microsoft Xbox одделот, најави спогодба во неделата на Twitter.

„Се радуваме на иднината во која што играчите низ цел свет ќе имаат повеќе избор за играње на своите омилени игри“, напиша Спенсер.

Microsoft потврди дека договорот со Sony ќе биде продолжен на десет години. Бред Смит, претседателот на Microsoft: „Ќе останеме фокусирани на тоа Call of Duty да остане достапна на повеќе платформи и за повеќе корисници отколку порано“. Sony се уште не ја коментира спогодбата, а Microsoft мора да ја финализира аквизицијата до вторник.