Facebook „ракетата“ пристигнува на вашите апликации

Објавено на 21.10.2017 во Новости



Facebook „ракетата“ пристигнува на вашите апликации

Facebook полека завршува со објавувањето на новите опции во Explore Feed, која сега стана достапна за сите корисници. Explore Feed се крие зад иконката со ракетата, која многу корисници ја добиле пред неколку недели, а на него ќе се објавуваат постови за кои Facebook смета дека за секој корисник би можеле да бидат интересни.

На десктоп верзијата на Facebook, Explore Feed е сместено во левиот горен агол, веднаш под News Feed. Кога станува збор за Facebook апликацијата за Android, Explore Feed се отвара со клик врз иконката со ракета, која се наоѓа помеѓу News Feed и барањата за пријателство. Во iOS верзијата, апликацијата е малку потзатскриена и се наоѓа во дополнителните опции на Facebook, во кои се пристапува со клик врз иконката со три линии во долниот десен агол. Се уште ја нема за некои корисници во Македонија, но наскоро ќе ви се појави.

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}