Може ли Twitter да го преживее доаѓањето на Threads?

Објавено на 19.07.2023 во Новости



Може ли Twitter да го преживее доаѓањето на Threads?

После преземањето на Twitter од страна на Илон Маск за 44 милијарди долари, корисниците на социјалната мрежа внимателно ги следат неговите потези. За година дена го промени целиот менаџмент, отпуштил голем број на вработени, ја променил политиката за управување со содржини, и воведе новитет за автентичност на профил и споделување на заработката со креаторите на содржини.

Twitter сега има различни мисленици, едните велат дека е побрз, попрегледен, а други го напуштија за да бараат друго место на интернет, каде што може да ги искажат своите ставови. Пристигнувањето на Threads, лансиран од Meta, може да му направи проблем на Twitter и да ја комплицира работата на пазарот.

Threads е иста мрежа како и Twitter, но има предност со зголемен број на корисници на Meta, на кои што им е максимално олеснето користењето на Threads (2.9 милијарда корисници наспроти 330 милиони). Тоа се почувствува уште од првиот ден на пазарот, Threads се појави на пазарот, за само 24 часа апликацијата е преземена над 30 милиони пати, а до денес Threads привлекол над 114 милиони корисници. Со тоа стана опасен конкурент на својот „пандан“.