Nothing Phone (2) го пушта сидрото во Европа, цената - поволна

Објавено на 19.07.2023 во Новости



Nothing Phone (2) го пушта сидрото во Европа, цената - поволна

Претходно пишувавме за перформансите на Nothing Phone (2), кој неодамна излезе официјално. Сега има информација и дека пристигнува во Европа пристигнува со цена од 650 евра во Германија, 670 евра во Франција, 580 фунти во Велика Британија. Погледнете го видеото од рекламата на овој линк

Nothing Phone (2) располага со 6,7-инчен LTPO OLED дисплеј со FHD+ резолуција, 120Hz, селфи камера од 32MP (Sony IMX615) и поддршка за снимање видео од 1080p. Главната задна камера од 50MP има сензор Sony IMX890 со OIS и EIS стабилизација на сликата. Ултра-широката камера од 50MP го има сензорот на Samsung JN1.

Glyph е новиот систем за осветлување на телефонот, кој што се состои од 11 сегменти на LED ленти и вкупно 22 LED зони на осветлување. Под хауба телефонот има Snapdragon 8 + Gen 1 процесор и се напојува од батерија со 4700 mAh со 45W поддршка за полнење и безжично полнење од 15W. Nothing Phone (2) пристигнува во бела и темно сива боја.