Без паника! Instagram има мали проблеми со функционирањето

Објавено на 20.07.2023 во Новости



Без паника! Instagram има мали проблеми со функционирањето

Instagram не функционира за поголем број на корисници низ цел свет, но ние овде во Македонија немаме проблем. Според моментално достапните информации, проблемите почнале во текот на ноќта и полека почнале да се прошируваат како што се будат корисниците.

За некои корисници проблемите траеле неколку минути, додека другите веќе со часови гледаат само црн екран таму каде што треба да бидат објавите и видеата. Од Meta се уште немаме конкретни информации за тоа што се случува, но факт е дека за дел од кориснциите, не траела доволно надежта дека е само краток минлив проблем.