ТМ Роу открива некои детали за следните флексибилни телефони

Објавено на 20.07.2023 во Новости



ТМ Роу открива некои детали за следните флексибилни телефони

Остана уште една недела до претставувањето на новите Samsung уреди,  при што најголемото внимание е насочено кон новите генерации на преклопни телефони, но на претстојниот Unpacked настан можеме да очекуваме и нови таблет и смарт часовници. 

Шефот на мобилниот оддел на Samsung, ТМ Роу, на официјалниот блог на компанијата напишал што можеме да очекуваме следната недела. Тој не навлегува во детали, но се работи за следните флексибилни телефони. Петтата генерација на Galaxy Z Fold и Flip според Роу ќе биде потенка и полесна во споредба со своите претходници, што е одлична вест за сите што размислуваат за купување на таквиот тип на уреди. 

Останатите уреди тој вели дека Galaxy Tab и носечките уреди се „дизајнирани во истиот дух“, така што ќе може да работат во еко системот што отвара силно искуство на поврзување и служи како екстензијца за се што ви треба, вашите приоритети и уникантата личност. Иако не спомнува конкретни уреди, со месеци се зборува за Galaxy Tab S9 и Galaxy Watch 6