Huawei се спрема за потег што би можел да врати дел од изгубените корисници

Објавено на 20.07.2023 во Новости



Huawei се спрема за потег што би можел да врати дел од изгубените корисници

Huawei наводно до крајот на оваа година планира да го обнови производството на 5G смартфони со 5G процесори произведени во Кина. Тие процесори се дизајнирани од HiSilicon на Huawei, а ги произведува кинескиот Semiconductor Manufacturing International Co. (SMIC). 

Huawei засега нема коментар за овие гласини, а SMIC исто така не коментира. Новите Huawei 5G телефони би можеле да се соочат со предизвиците на меѓународните пазари поради непостоење на клучниот софтвер и услуги како што се Google Play Store и Gmail, пишуваат странските медиуми. Тоа е стара и излитена приказна, затоа што корисниците веќе ги користат овие апликации преку Gspace и Gbox

Cnet пишува дека е мала веројатноста за Huawei да ги лансира своите нови 5G телефони во САД. Американската влада веќе долго го обвинува Huawei за одржување на блиски врски со кинеската влада, изразувајќи загриженост поради потенцијална шпионажа преку својата опрема. Huawei доследно ги негира овие обвинувања.