Следната генерација на рачни конзоли ќе бидат со „батериски пасош“

Објавено на 20.07.2023 во Новости



Следната генерација на рачни конзоли ќе бидат со „батериски пасош“

Пред неколку години се мислеше дека рачните конзоли ќе бидат исфрлени од употреба поради ниска побарувачка, но ете, пазарот живна. Голем новитет на овој пазар во иднина ќе биде променливите батерии, така што следните генерации на Switch, Steam Deck и други рачни конзоли ќе бидат со батерии што корисниците ќе може сами да ги извадат и заменат со резервни батерии. 

Причината за таа одлука не лежи во наглата промена на размислување на технолошките компании, туку во законот. Според новата регулатива на Европската унија, корисниците ќе може сами да ги менуваат батериите на своите мали гејмерски уреди, што во ЕУ е како чекор кон одржливоста и намалување на батерискиот отпад. Самите компании ќе мора да на корисниците да им дадат информација за батериите, односно батериски пасош со податоци за јаглеродниот отпечаток на батериите и содржината што може да се рециклира.