Џек Ма виден во Скопје покрај Градскиот кеј на ручек

Објавено на 20.07.2023 во Новости



Џек Ма виден во Скопје покрај Градскиот кеј на ручек

Џек Ма е најбогатиот кинески бизнисмен, кој е основач на Alibaba. Милијардерот бил како на тајно патување на Балканот, а деновиве бил виден во еден од познатите скопски ресторани покрај кејот на Вардар. Официјално не е потврдено дека е тој, има само замаглена фотографија како се забавува.

Сликата со Џек Ма е наводно од ресторан во Белград, при што тамошните медиуми пишуваа дека посетата ја поврзуваа со бизнис зделки. Кинескиот милијардер бил во посета и на Сараево. Шефот на Alibaba бил заедно со повеќе луѓе на ручек во скопски бар покрај Градскиот кеј, и уживал во македонската храна и пијалок. Се уште не се познати причините за присуството на Ма на Балканот. 

Автор: Aleksandar Stankov