TikTok им овозможи на истражувачите од Европа пристап кон софтверот

Објавено на 21.07.2023 во Новости



TikTok им овозможи на истражувачите од Европа пристап кон софтверот

Пред стапувањето во сила на новите правила за големите технолошки компании и платформи во Европа, TikTok одлучи да отвори свој истражувачки софтвер за истражувачите од Европа. 

Новите правила подразбираат поголем ангажман во контрола на непожелна содржина што се објавува на нивните канали. Кинескиот TikTok, како една од најпопуларните платформи за објава на кратки видеа, е една од 19-те платформи и пребарувач што подлежи кон строги барања на Законот за дигитални услуги кој што стапува во сила од август.