YouTube Premium поскапе, а Google си молчи

Објавено на 23.07.2023 во Новости



YouTube Premium поскапе, а Google си молчи

Google без голема врева ја зголеми цената на YouTube Premium претплатата за 2 долари, од 12 на 14 долари, објави 9to5Google. Годишната претплата се покачи од 120 на 140 долари, што е заштеда од околу 28 долари во споредба со плаќањето од месец во месец. 

YouTube ја зголеми исто така цената на услугата Music Premium од 10 на 11 долари месечно, што одговара на слични зголемувања на цените од страна на Apple и Amazon. За поскапувањата нема никакво официјално соопштение. Инаку, YouTube Premium има опции за гледање на офлајн и репродукција во позадина. Имате можност и за стриминг со поголем квалитет од 1080p на одредени платформи.





Прочитајте повеќе: