Twitter заминува во историјата, збогувајте се со „сината птичка“

Објавено на 24.07.2023 во Новости



Twitter заминува во историјата, збогувајте се со „сината птичка“

Сопственикот на компанијата Twitter Inc, Илон Маск, извести дека ребрендирањето на сината птица со буквата X, ќе ја одведе социјалната мрежа во нова насока, после признавањето дека огласувачите бавно се враќаат на платформата. 

Промената следеше после неодамнешното признание на Маск дека во споредба со претходниот период, приходите од рекламирањето се речиси преполовени. Како резултат на тоа и големиот долг, приливот на пари е во минус.

„Привременото лого „X“ ќе се појави денес подоцна“, гласи објавата на Маск од вчера. "X.com" сега ќе води кон страницата на Twitter. Компанијата „X Corp“ на Маск е сега сопственичка на Twitter. Моментално ако отворите Twitter, страницата ќе отвори со URL - Twitter.com, но излегува логото со „X“.