Протекоа фотографии со новата гејмерска конзола на Sony

Објавено на 24.07.2023 во Игри



Протекоа фотографии со новата гејмерска конзола на Sony

Sony ја спрема конзолата, кон крајот на мај оваа година потврди дека работи на нов Project Q. Новиот уред се очекува на крајот на годината, а станува збор за уред со дијагонала од 8 инчи со резолуција од 1080p.

Треба да се нагласи дека ова не е самостојна рачна конзола, на која што може да се вклучуваат посебни игри како што се PS Vita, туку станува збор за уред за стриминг со PlayStation 5 преку опцијата Remote Play и WiFi.

Sony ја прикажа фотографијата на овој уред, но таа не открива премногу. Како изгледа самиот хардвер и екранот кога уредот е покренат, откриваме оваа недела благодарение на корисникот на Twitter, @Zuby_Tech, кој на својот профил објавил фотографии и видеа со уредот во акција. 

Автор: Aleksandar Stankov