Одлични вести за сите љубители на конзолата на Sony, доаѓа PS5 Pro

Објавено на 25.07.2023 во Игри



Одлични вести за сите љубители на конзолата на Sony, доаѓа PS5 Pro

До крајот на 2023 година, на пазарот би требало да се појави новата гејмерска конзола на Sony. Моделот што е моментално во фаза на развој под кодно име Project Q е рачна конзола, на која што ќе може да се стримаат видео игри од PlayStation 5 и Sony за неа нема да развива посебни игри каков што беше случајот со моделот PS Vita.

Тоа не е единствената конзола на која што Sony инженерите и дизајнерите моментално работат. На почетокот на минатата година Sony почна со развој на подобрениот модел PlayStation 5, а сите љубители на конзолата кои што сакаат уште појак модел од петката, ќе треба да дочекаат до крајот на следната година кога PS 5 Pro наводно би требало да се појави на пазарот.