Стивен Вознијак: iPhone 8 е ист како iPhone 7 и iPhone 6!

Објавено на 25.10.2017 во Новости



Стивен Вознијак: iPhone 8 е ист како iPhone 7 и iPhone 6!

Вознијак бил прашан дали ќе го купи новиот предводник iPhone X непосредно пред да биде пуштен официјално во продажба.

„Ова ќе биде првата година во која нема веднаш на почетокот да купам нов iPhone. Но мојата жена веднаш ќе купи iPhone X, така што ќе имам прилика од прва рака да се уверам за каков уред се работи. Јас сум задоволен со iPhone 8, кого моментално го користам. Но, искрено iPhone 8 е ист како iPhone 7, а iPhone 7 е ист како iPhone 6, барем за мене“, вели Стив Вознијак.

Стив Вознијак е дефинитивно „жива легенда“, кој заедно со Стив Џобс го основа Apple и направија глобален бренд од него. Затоа, кога Воз ќе каже нешто за производите на Apple, тоа дефинитивно држи вода.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}