TikTok започна со формат со текстуални пораки

Објавено на 26.07.2023 во Новости



TikTok започна со формат со текстуални пораки

Новиот формат на TikTok со текстуални пораки ќе им овозможи на корисниците создавање на текстуална содржина за споделување на приказни, идеи, песни, рецепти или друга пишана содржина, се наведува во апликацијата.

Корисниците може да додадат бои, налепници, хаштагови и звуци со своите текстуални објави. TikTok објави дека со текстуалните објави ги проширува границите на создавање на содржини за сите на TikTok, давајќи пишана креативност која што сме ја виделе во коментарите, описи и видео записи, посебен простор за сјај.

Промената следувала затоа што конкуренцијата меѓу платформите на социјалните мрежи се интензивирала во последните недели после лансирањето на Threads, spin-off на Instagram во сопственост на Meta. Платформата е ривал на Twitter по тоа што се фокусира на текстуални објави. На корисниците им се овозможува објава до 500 знаци на текст и до пет минути видеа и линкови, како и слика. Исто така, изгледа слично на Twitter и има опции како што се допаѓања или одговарање на постови или цитат на постоечка тема.