Netflix нуди плата од милион долари, бара менаџер за вештачка интелигенција

Објавено на 27.07.2023 во Новости



Netflix нуди плата од милион долари, бара менаџер за вештачка интелигенција

Netflix официјално бара проект менаџер за машинско учење, а за возврат нуди плата од 1.000.000 долари. Имено, неговата понуда за позиција менаџер за производи за машинско учење почнува од 300.000 долари, па се до 900.000 долари годишно.

Инаку, како за информација, Screen Actors Guild објави дека 87% од актерите заработуваат помалку од 26.000 долари годишно. Ова работно место е најавено како „основа за сите иновации“. На веб-страницата на компанијата пишува дека компанијата ќе применува вештачка интелигенција за „да го обликува каталогот на филмови и ТВ емисии со учење на карактеристиките што ја прават содржината успешна“, со цел „да го оптимизира производството на оригинални филмови и ТВ емисии“.