Google, Microsoft, OpenAI и Anthropic формираа тело за безбеден развој на вештачка интелигенција
Објавено на 28.07.2023 во Новости
Google, Microsoft, OpenAI и Anthropic официјално објавија дека е оформено заедничко тело, чија цел е промовирање безбеден развој на вештачка интелигенција. Целта на ова тело е да се регулираат компанииите што креираат вештачка интелигенција и соработка со креаторите на политики и истражувачите.
Форум на граничен модел (Frontier Model Forum) се нарекува новото тело, кое било објавено после средбата на Google, Microsoft, OpenAI и Anthropic. Компаниите објавија дека форумот ќе биде со мисија да развие најдобри практики за безбедност на вештачката интелигенција, да промовира истражување за ризиците од вештачката интелигенција и јавно да споделува информации со владите и граѓанското општество.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.