Samsung Galaxy Watch 6 ќе мери температура на храна и кожа

Објавено на 28.07.2023 во Смарт часовници



Samsung Galaxy Watch 6 ќе мери температура на храна и кожа

Новиот Samsung Galaxy Watch 6 смартчасовник е со нов софтвер Wear OS, кој пристигнува со WhatsApp апликација, новата Samsung Wallet апликација и Thermo Check. Најважно е тоа што има технологија за мерење на температура.

Samsung објави дека Samsung Wallet пристигнува и кај Galaxy Watch 4 и Galaxy Watch 5. Samsung Wallet се комбинира со Samsung Pay и Samsung Pass, што ви овозможува плаќање со поврзани картички и со нив ги имате сензитивните информации како што се лични карти и пасоши. Досега одлично функционираа со Samsung Galaxy телефоните, а отсега ќе бидат активирани и на смартчасовниците. 

Новата Thermo Check апликација им овозможува на корисниците да ја мерат температурата на околината, вклучувајќи оброци, температура на морето и друго. Ова се прави преку IR сензор за температура, така што не е потребен физички контакт. 

Samsung Galaxy Watch 5 поддржува мерење на температурата на кожата за следење на менструалниот циклус, а сега истата опција се проширува и со мерење на телесната температура. Samsung Galaxy Watch 4 нема да има поддршка за Thermo Check апликација.