ChatGPT апликацијата официјално пристигна на Android

Објавено на 28.07.2023 во Android



ChatGPT апликацијата официјално пристигна на Android

ChatGPT апликацијата на Android е веќе бесплатно достапна за преземање во Google Play Store. Регистрацијата за апликацијата е отворена веќе неколку дена, а вчера и официјално стана достапна за преземање. Android апликацијата  на ChatGPT најпрво ќе стане достапна во Бразил, Индија, Бангладеш и САД, а потоа ќе биде достапна и во другите делови на светот.

Само внимавајте да не наидете на лажна ChatGPT апликација, оти во Play Store има многу копии на ваквата апликација. За да бидете сигурни, повелете линк од официјалната апликација на ChatGPT, во сопственост на OpenAI.