Го освои цел интернет, како да станете своја верзија на Barbie

Објавено на 29.07.2023 во Новости



Го освои цел интернет, како да станете своја верзија на Barbie

Еве како да станете своја верзија на Барби за само неколку клика. Милиони луѓе ширум светот се собраа во кината за да гледаат филм за веројатно најпопуларната играчка за девојчиња - куклата Барби.  Иако критиките за филмот се поделени меѓу оние кои се воодушевени и разочарани, факт е дека светот е зафатен од розовата боја и се што треба да се направи со Барби.

Ниту интернетот не успеа да го избегне тоа лудило. Така, на пример, кога ќе го внесете терминот ,,Барби'' во пребарувачот на Google, вашиот екран ќе стане розов и ќе се појават анимирани  ѕвезди. Истото ќе се случи ако ѓи напишете имињата на филмските актери како Марго Роби или Рајан Гослинг.

Но, во  Warner Bros отидоа чекор понатаму. Ако поставите своја фотографија на страницата за селфи Барби, системот ќе ја обработи и ќе го издаде вашето селфи во стилот на Барби ( или Кен).

Секако не треба да заборавиме и филтерот за Барби на Snapchat, кој ви овозможува да се облечете како Барби или Кен во филмот. Само побарајте ,,Barbie Wardrobe AR Lens" и можете за започнете цела модна ревија во стилот на Барби.Покрај тоа корисниците на Snapchat можат да го користат филтерот Барби за да ѓи обојат познатите светски згради во розова боја. На пример, Статуата на слободата во Њујорк или Ајфеловта кула во Париз.
Ако тоа не ви е доволно, и другите социјални мрежи се преполни со филтри за Барби (вистински или неофицијални), со кои можете да ја изразите вашата Барби страна на личноста.