Nissan се пофалија со милион продадени електрични возила

Објавено на 29.07.2023 во Електричен погон



Nissan се пофалија со милион продадени електрични возила

Nissan  е еден од пионерските компании на пазарот на електрични возила и го лансираше својот прв е-евтомобил, легендарниот Leaf, на крајот на 2010 година.

Возилото доминираше и беше најпродаваниот електричен автомобил во светот, додека Nissan беше еден од лидерите на тој пазар.

Во меѓувреме, ситуацијата драстично се промени. Електрификацијата стана главен фокус на повеќето автомобилски компании кои се подготвуваат за иднината во која бензинските и дизел моторите ќе бидат забранети и сега инвестираат милијарди во развојот на возила кои ќе се движат исклучиво од електрични мотори. Тесла е секако доминантен на тој пазар, но големи планови имаат и Volkswagen, GM, Ford и бројни други компании.