Threads се вивна кон небото, а сега паѓа со голема брзина

Објавено на 30.07.2023 во Новости



Threads се вивна кон небото, а сега паѓа со голема брзина

После огромниот раст, социјалната мрежа Threads штотуку изгуби повеќе од половина од своите корисници, изјави сопственикот на Meta, Марк Цукерберг. Конкурентот на Twitter надмина 100 милиони корисници во рок од 5 дена од неговото лансирање на почетокот на јули, објави Би-Би-Си.

Марк Цукерберг признава дека цифрите се во минус. „Ако имате регистрирано над 100 милиони луѓе, идеално би било сите или барем половина од нив да останат. Сè уште не сме го постигнале тоа“, рече тој.

Цукерберг тврди дека ова било очекувано, а компанијата ќе се потруди да ги задржи корисниците, затоа што има најава за додавање на нови функции во апликацијата.