Google ќе претстави хибриден уред - преклопен телефон/таблет

Објавено на 31.07.2023 во Android



Google ќе претстави хибриден уред - преклопен телефон/таблет

Флексибилните телефони имаат мал удел во продажбата со смартфони, што не е никакво изненадување, затоа што станува збор за прилично скап уред чиј квалитет кај дел од корисниците и понатаму е скептичен, а нивната продажба е во константен пораст. 

Речиси сите најголеми мобилни компании веќе ги претставиле своите преклопни телефони, но на списокот го нема Apple. Компанијата на Кук, според бројни гласини, размислува и во друга насока, односно нивниот прв уред со преклопен екран би можел да биде iPad или Mac, иако не треба да се исклучи можноста за iPhone Fold/Flip

Google исто така планира да претстави хибриден уред што ќе биде нешто како флексибилен смартфон/таблет. Lenovo веќе го има хибридниот уред ThinkPad X1 Fold и Asus го има Zenbook 17 Fold, кои се со Windows оперативен систем, така што Google очекуваме да го претстави првиот хибриден уред со Android