После 8 месеци суспензија, YE се враќа на социјалната мрежа X

Објавено на 31.07.2023 во Новости



После 8 месеци суспензија, YE се враќа на социјалната мрежа X

Социјалната мрежа X повторно го активираше профилот на Ye, уметникот познат под името Канје Вест. Профилот на Вест беше суспендиран пред осум месеци, затоа што раперот ги прекрши правилата што забрануваат поттикнување на насилство.

Профилот на Ye сега ја прикажува неговата последна објава од 1 декември, еден ден пред неговиот профил да биде блокиран на платформата X, поранешен Twitter. Ye нема да може да го монетизира профилот на X, а реклами нема да се појавуваат покрај неговите постови. 

Автор: Aleksandar Stankov