Новата генерација на iPhone носи големи промени

Објавено на 01.08.2023 во iOs



Новата генерација на iPhone носи големи промени

Марк Гурман објави дека новата генерација на iPhone 15 ќе биде поскапа. Корисниците на овие уреди може да очекуваат поздржливо куќиште, а нерѓосувачкиот челик ќе биде заменет од титаниум. Тоа значи дека куќиштето треба да биде посилно и полесно.

Околу екранот сега би требало и рамките да бидат уште потенки, благодарение на примената на новата технологија. Така рамките околу екранот би требало да се намали од сегашните 2,2мм на 1,5мм. Тоа, се разбира, не е единствен голем новитет. Поради притисок на регулаторите на Европската унија, Apple кај сите нови телефони ќе го замени Lightning приклучокот со USB-C. Кај Pro моделите ќе има промена кај типките за намалување на телефонот.