Microsoft прави чуден таблет со Windows 10 ARM
Објавено на 27.10.2017 во Новости

Microsoft развива концепт на таблет на превиткување кој би имал двоен екран и би работел на Windows 10 оперативниот систем, но со послабата ARM платформа која не го овозможува целосното десктоп искуство.
Главната цел на Microsoft Andromeda таблетот кога ќе се превитка е да може лесно да се смести во џебот на корисникот како вообичаените смартфони. Таблетот евентуално би пристигнал кон крајот на следната година.
Оваа информација е доста чудна бидејќи повторно се користи кодното име Andromeda, а исто така одамна Microsoft не направил нешто значајно со ARM платформата која не е баш воодушевувачка за користење.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.