Со првото државјанство и роботите ќе си ги бараат своите права

Објавено на 28.10.2017 во Новости



Со првото државјанство и роботите ќе си ги бараат своите права

Можеби не веднаш, но во блиска иднина со огромен развој на вештачката интелигенција ќе се разговара и за добробитот на роботите како и нивните права. Ова доаѓа по одлуката Саудиска Арабија да буде првата земја на светот која му дала државјанство на робот.

Роботот наречен Софија, произведен од американската компанија „Хенсон роботикс“, беше признат за државјанин за време на еден бизнис состанок во Ријад и со овој потег, Саудиска Арабија сака да се промовира како земја која развива вештачка интелигенција.

„Здраво, јас сум Софија, последниот и најдобар робот на ‘Хенсон роботикс‘. Му благодарам на кралството Саудиска Арабија. Почестен сум и горд на оваа уникатна ситуација. Историски е да се биде прв робот на светот кој добил државјанство на една земја“, изјави Софија, која потоа одговори и на други прашања.

Потегот на Саудиска Арабија предизвика и критики и многумина посочија дека Софија моментално доби повеќе права од милиони жени во државата, кои, меѓу другото, мора да почитуваат строг конзервативен стил на облекување.

За разлика од нив, Софија за време на својот говор не беше покриена со облека, ниту беше придружувана од маж, што, исто така, е задолжително во оваа земја.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}