Apple со нова инвестиција во безжичното полнење

Објавено на 28.10.2017 во Новости



Apple со нова инвестиција во безжичното полнење

Apple неодамна ги претстави iPhone 8 и iPhone X како свои први смартфони со можност за безжично полнење, а сега прави дополнителни вложувања за развој на технологијата за бежично полнење купувајќи го стартапот PowerByProxi од Нов Зеланд кој што се занимава токму со оваа активност.

PowerByProxi е основана во 2007-ма година, а оснвач е Феди Мишрики. Станува збор за компанија специјализирана за производство на мали модули кои што овозможуваат бежично полнење кон поголеми уреди како што се роботи, дронови и медицинска опрема.

Од Apple потврдија дека е реализирана купопродажбата, што е редок случај, а потпретседателот за развој на хардвер, Ден Ричио изјави дека ова ќе биде одличен додаток на компанијата затоа што Apple работи на „бежичната иднина“.





 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}