Секоја секунда се отвараат по три нови веб-страници

Објавено на 07.08.2023 во Новости



Секоја секунда се отвараат по три нови веб-страници

Со над милијарда активни интернет-страни ширум светот, пресметано е дека во секоја секунда се отвораат по три нови веб-страници. Во секоја минута се креираат по 175 страници, 10.500 веб-страници во секој час, по 252.000 веб-страници на дневно ниво, од кои 18% се користат активно.

Најпосетувани веб-страници на интернет се: Google, YouTube, Facebook, Instagram и „Х“ (Twitter), а процентуално се посетени според хронолошката подреденост при набројувањево,  врз основа на податоци од Similarweb. Северна Европа е со највисока стапка на пристап кон интернет. Според Statista, германската компанија за собирање на податоци, 64,9%‚ од 5,18 милијарди од светското население во април користеле интернет, додека 59,9% (4,8 милијарди) користеле социјални мрежи.