Google Pixel Watch 2 добива нов процесор со подобри перформанси и подобра батерија
Објавено на 07.08.2023 во Смарт часовници
Google ќе ги открие Pixel 8 и Pixel 8 Pro во следниот октомври. Тогаш ќе биде претставен и Pixel Watch 2. Новиот процесор на смартчасовникот ќе биде Qualcomm Snapdragon W5 Gen 1. Чипсетот се состои од Arm Cortex-A53 јадра со фреквенција од 1.15GHz.
Snapdragon процесорот има четири јадра со 1.7GHz, додека GPU е Adreno 702, што е големо подобрување во графиката. Претходниот Google Pixel Watch беше со Exynos 9110 процесор, изработен од Samsung со 10nm процес на производство/ Snapdragon W5 е изработен со 4nm процес на производство. Перформансите и енергетската ефикасност се значително подобрени.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.