Со Google Maps ќе може да ги разгледувате сите планети

Објавено на 29.10.2017 во Новости



Со Google Maps ќе може да ги разгледувате сите планети

Google Maps полека прераснува во апликација што ќе може да ве води насекаде во светот и целата вселена. Maps е одлична напредна апликација со најмногу опции во споредба со сите други GPS апликации што ве водат на непознати локации.

„Пред 20 години се лансираше леталото Касини на патување што ќе ги открие тајните на Сатурн и неговите месечини. За време на мисијата, Касини испрати половина милион фотографии до Земјата, овозможувајќи им на научниците да ги реконструираат овие далечни светови со неверојатни детали“, велат од Google.

Google не престанува на не изненадува. Воведена е нова опција на Maps, со која ќе може да ги истражите планетите Венера, Меркур, Плутон, Јупитер, Сатурн. Новата функција ви овозможува да се префрлите на кое небесно тело сакате, да го вртите во круг, и да ја менувате локацијата на планетите. Очигледно, само небото е граница за Google. 

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • V30S ThinQ
  • K10 (2018)
  • K8 (2018)
  • Xperia XZ2 Premium
  • Xperia XZ2
  • Xperia XZ2 Compact
  • iPad 9.7 (2018)
  • Galaxy J7 Duo
  • Galaxy J7 Prime 2
  • Galaxy S9+
 


{}