„Мажите сакаат војна“: Маск најави борба во кафез со Цукерберг

Објавено на 07.08.2023 во Новости



„Мажите сакаат војна“: Маск најави борба во кафез со Цукерберг

Илон Маск објави дека сака физички да се пресмета со Марк Цукерберг преку боречки вештини во кафез во Лас Вегас. Преносот во живо е со Цукерберг и Маск,што во живо ќе се пренсува на X социјалната мрежа. Цела заработка ќе оди во хуманитарни цели за воените ветерани, напиша Маск во објавата на X, вчера, рано наутро.

Кога корисник на X го прашал Маск која е целта на борбата, тој одговорил дека тоа е цивилизиран облик на војна. Мажите сакаат војна. Meta не одговорила на барањето на Ројтерс за објавата на Маск. 

Автор: Aleksandar Stankov