Датата кога iPhone 15 линијата почнува со продажба

Објавено на 07.08.2023 во iOs



Датата кога iPhone 15 линијата почнува со продажба

Apple ќе ја лансира својата iPhone 15 серија за 2023 година на 12 или 13 септември, додека уредот се очекува да започне со продажба од 22 септември. Со оглед на тоа што постарите модели претходно започнуваа со преднарачка од 15 септември, сигурно и овој пат ќе биде така.

Заокружете ги датите на вашиот календар, 12 или 13 ќе биде големото претставување на Apple Watch Series 9 и Apple Watch Ultra 2, за кои преднарачките почнуваат на 15-ти, а започнуваат со продажба од 22 септември. iPhone 15 и iPhone 15 Plus годинава добиваат големи промени со додавањето на Dynamic Island, 48MP сензори за камерата и широката главна камера од задната страна, A16 Bionic процесор., 

iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max добиваат нова титаниумска шасија, но најголемите и најважните промени се новиот A17 Bionic процесор, изработен преку N3B 3nm процесот на производство до TSMC.