iPhone 15 Pro би можел да добие масивна меморија од 2TB
Објавено на 08.08.2023 во iOs
Дојавувачот Yeux1122 (via 9to5Mac) тврди дека Apple би можел значително да ја зголеми меморијата кај iPhone 15 Pro до неверојатни 2TB. Yeux1122 тврди дека изворот за оваа информација е снабдувач на делови за Apple. Се разбира, ова не е официјална информација, но со оглед на тоа што се шпекулира дека Apple ќе ги зголеми цените на телефоните, има логика.
Weibo корисник исто така се придружил на оваа дискусија со коментар дека iPhone 15 Pro би можел да добие опција за 2TB меморија и двојно да ја зголеми почетната меморија, префрлувајќи се од 128GB на 256GB.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.