Преклопниот Honor смартфон спремен за глобално лансирање на 1 септември

Објавено на 08.08.2023 во Новости



Преклопниот Honor смартфон спремен за глобално лансирање на 1 септември

Минатиот месец Honor Magic V2 беше претставен официјално во Кина, како најтенкиот и најлесниот преклопен смартфон во светот. Сега конечно добива и глобална дата за лансирање. Новиот преклопен смартфон на Honor ќе дебитира на IFA 2023.

Magic V2 нема да биде пуштен во секоја држава во светот, но Европа секако го добива Magic V2 на 1 септември. Кога е отворен има дебелина од 4.8мм и 9.9мм кога е преклопен, што Magic V2 го прави најтенкиот преклопен телефон на пазарот.

Под хауба има Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2 процесор, 16GB RAM меморија и 256GB/512GB/1TB внатрешна меморија. Главната камера му е 50MP+50MP + 20MP. Magic V2 има батерија со капацитет од 5,000 mAh со 66W брзина на полнење, 7.92-инчен OLED дисплеј со 120Hz и HDR10+ поддршка.