Zoom ги враќа вработените повторно во канцеларија

Објавено на 09.08.2023 во Новости



Zoom ги враќа вработените повторно во канцеларија

Zoom е првата компанија што започна со вработени од дома и така ја започна револуцијата за работа на далечина во текот на пандемијата. Компанијата сега повторно ги враќа своите вработени во канцелариите.

„Ќе продолжиме да ја користиме целата наша платформа со цел вработените и дисперзираните тимови да бидат поврзани и да бидат ефективни“, велат од Zoom.

Во соопштението до вработените се наведува дека структурираниот хибриден пристап е најефикасен. Луѓето што живеат до 80 километри од канцеларијата, треба да работат во просториите на компанијата, барем два пати неделно.