TikTok веќе нема да биде ист, еве кои промени ќе ги има

Објавено на 09.08.2023 во Новости



TikTok веќе нема да биде ист, еве кои промени ќе ги има

TikTok ќе воведе промени во For You и Live feed, во согласност со Актот што го донесе Европската унија за заштита на малолетните корисници. Се однесува за целно огласување за малолетниците што се забранува. Од TikTok велат дека за нив е приоритет заштита на тинејџерите и најавено е дека сите профили на помлади од 16 години, сега автоматски ќе бидат поставени како приватни, а нивната содржина нема да може да се препорача во feed For You.

Корисниците што ќе го исклучат алгоритмот за персонализација, веќе нема да прикажува содржина според нивните интереси, т.е. досегашните активности на TikTok. Наместо тоа, на корисниците ќе им се прикажуваат популарните видео записи од местото каде што живеат и низ цел свет. При пребарувањето на содржини, ако алгоритмот за персонализација е исклучен, на корисниците ќе им се прикажува популарна содржина од нивниот регион и на нивниот јазик, додека внатре во feed following и friends ќе се прикажува содржина од личноста што ја следат, но хронолошки.