Кои iPhone модели ќе ги прескокне новиот Apple iOS 17

Објавено на 10.08.2023 во iOs



Кои iPhone модели ќе ги прескокне новиот Apple iOS 17

Apple за почетокот на септември најави нова верзија на својот оперативен систем за мобилни уреди со бројни новитети. Новиот iOS 17 нема да може да се инсталира на сите Apple телефони и ќе важи само за уреди претставени во последните пет години.

Сопствениците на старите уреди, вклучувајќи ги и моделите iPhone 8, 8 Plus и iPhone X, нема да може да ја инсталираат новата верзија, туку ќе мора да останат на актуелниот iOS 16. Спомнатите три модели Apple ги претстави уште од 2017 година, а неможноста за инсталација на нов мобилен оперативен систем, значи дека тие уреди нема да имаат повеќе нови опции. 

Автор: Aleksandar Stankov